Македонскиот ликовен уметник, академскиот сликар Коле Манев, кој од 2006 година е „Почесен витез од областа на културата и творештвото“, титула од министерството за култура на Република Франција, денеска пред Собранието на Република Македонија ги прочита барањата на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. На крајот на денешниот марш, Манев ги пренесе четири барања кои ги испорачаа од „За заедничка Македонија“.
-Ние граѓаните „За заедничка Македонија“, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите други кои живеат во нашата татковина бараме:
- Сите политички партии заедно со граѓаните да изготват платформа „За заедничка Македонија“, тука во главниот град на Република Македонија и да ги отфрлат Платформите пишувани во туѓи држави.
- Бараме од политичките партии во преговорите да не помислуваат да усвојат владина програма која не би била изгласана од граѓаните на изборите.
- Бараме од партиите, а посебно од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не допуштат да се гласа во Собранието Законот за двојазична Македонија затоа што тоа ќе биде вовед во редефинирање на Македонија.
- Бараме од Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов да го почитува Уставот, да не доделува мандат после истекување на рокот кој веќе е истечен и затоа што давањето на мандатот за платформа од туѓа држава ќе го направи соучесник во разнебитувањето на Република Македонија.
Протестните маршеви „За заедничка Македонија“ низ државата продолжуваат и утре и секој следен ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“