Платформата од Тирана ќе се реализира во фази, односно прво ќе отпочне процес на промена на химната, знамето и грбот потврдува Коалицискиот партнер на Зоран Заев, Тито Петковски од НСДП
Петковски при гостувањето во дебатна емисија на „Телевизија 24“ запрашан дали нему нема да му пречи да има промена на химната, промена на симболи, на знаме, на државен грб, односно што е се испреговарано, лидерот на НСДП вели дека тоа не било тема која што е услов да се потпишел договорот за коалицирање.
-Прво, тоа не е тема кое што е услов да се потпише договорот за коалицирање. Тоа се прашања за кои ќе се отвори дебата. Експерти, научници политички партии итн. Од земјата од странство ќе седнат ќе дебатират што е она што ги разделува етничките заедници, што е она што може да ги зближи значи го бараме мостот кој што ќе не поврзува, рече Петковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)