| четврток, 6 декември 2018 |

Кире Лазаров сака со европска титула да се збогува од Барселона

kire lazarov

Најдобиот стрелец на македонската ракометна репрезентација и на целото Светско првенство во Франција, Кирил Лазаров на крајот од сезоната ќе ја замени Барселона со екипата на Нант од Франција.

Десниот бек на Каталонците има само една желба на крајот на сезоната, а тоа е да биде на врвот на Европа при збогувањето од Барса и своите соиграчи.

– Викендот извојувавме тешка победа над Флензбург, која не носи чекор поблиску до посакуваното прво место во групата. Има уште две кола до крајот на групната фаза, а ние играме се подобро и подобро, што е добар знак пред завршницата на сезоната. Но, крајот е се уште далеку, а мојата желба останува иста: – да стигнеме на врвот на Европа со Барса, пред да си кажеме збогум – вели капитенот на македонската ракометна репрезентација.

Лазаров е дел од каталонската екипа од 2013 година, а во наредните две години ќе го носи дресот на францускиот прволигаш Нант.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top