Протестите на граѓанската иницијатива „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ ќе завземаат се поголеми димензии и ќе се шират низ цела Македонија. За денеска покрај во Скопје, протести се закажани во уште 4 града, Прилеп, Кичево, Куманово и Штип.
– Ќе маршира револуционерен Прилеп. Рутата е од споменикот Карпалак до крстосницата пред „Градска кафана“. Почеток: 17:00.
– Кичево – Рута на движење: од плоштадот кон општината, па назад до почетната точка. Почеток – 18:00.
– Куманово – Рутата може да види на следниот линк – http://bit.ly/2ltNlVE. Почеток во 17 часот.
– Штип – Тргнување од Соборниот Храм Св. Никола, преку улицата Васил Главинов, па се до кружниот тек во близина на ТВ Стар. Почеток – 18:00 часот.
Информациите се објавени на официјалниот Фејсбук профил на граѓанската иницијатива.
(Рута Скопје, 28.02.2017)
(Рута Штип – 20.02.2017)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.