Шпекулациите од последните неколку дена синоќа добија потврда и Дерон Вилијамс потпиша со шампионот Кливленд и ќе биде помошниот плејмејкер, кој Леброн Џејмс очајно го посакуваше.
Трикратниот учесник на „Ол-Стар“ натпреварот и освојувач на златен медал на Олимписките игри во репрезентацијата на САД, Вилијамс нема настапувано во големото финале на НБА лигата, а оваа година ќе им помага на Џејмс и Ирвинг во одбраната на титулата. Ветеранот, кој зад себе има 13 години во најсилната кошаркарска лига, се двоумеше меѓу останување во Далас и Кливленд, за на крај да одлучи да се пресели во Источната конференција.
Ова засилување можеби нема да биде последно во Кливленд, со оглед на интересот за центарот Ендру Богут, кој минатата сезона беше дел од Голден Стејт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)