Вулканот Етна, еден од навјисоките и најативни вулкани во Европа, почна да еруптира синоќа со фонтани лава кои овозможија спектакуларно шоу.
Се претпоставува дека ерупцијата и лавата ќе продолжат и утре.
Вулканолозите ја класифицираа ерупцијата како „Strombolian“ – категорија која се карактеризира со експлозивна активност кога со голема сила се исфрлаат саѓи, пепел и чад од самиот кратер.
Според Националниот институт за геофизика и вулканологија на Италија, ерупциите во моментот не претставуваат опасност за луѓето. Аеродромот во Катанија кој се наоѓа во близина не е засегнат и продолжува со работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.