| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската опера и балет најавува богата програма во март

Македонската опера и балет информира дека на 9 март (четврток), ќе се одржи балетскиот спектакл „Клеопатра“. На 10.3. (петок), ќе биде изведена сценската кантата „Кармина бурана“.

Премиерата и репризата на мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески, кои беа закажани за 10 и 21.3. се презакажуваат за 24 (петок) и 26 март (недела), а се закажува и трета претстава во вторник на 28.3.2017 година.

Од МОБ информираат дека ќе продолжат со т.н. детски викенд. Наредниот викенд (сабота и недела, 4. и 5.3.2017 г.), на малата сцена во МОБ ќе биде изведена детската претстава „Операта на шумските животни“ во два термини, од 12 и од 13 и 30 часот.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top