| четврток, 6 декември 2018 |

Журнал.нет: Седум општински организации на СДСМ ќе се оградат од Заев

sdsm

Ограноци на СДСМ во три града во источниот дел на државата, два во југоисточниот дел и по еден огранок на партијата во повардарието и западниот дел, се подготвуваат јавно да се оградат од Зоран Заев, пишува Журнал.нет.

Прифаќањето на албанската платформа од страна на Заев со која СДСМ прифати двојазничност, печатење на нови пари на албански јазик и нови униформи за војската и полицијата, за членовите на СДСМ од овие општински организации било работа преку која неможело да се премине, од причина што според нив тоа не е прифатено од најголемиот број гласачи на СДСМ во тие општини.

Револтот по објавувањето на прифатеното во овие ограноци  на СДСМ започнал уште при објавувањето на дел од прифатените работи, а ескалирал после седницата на централниот одбор на партијата кога и отворено дел од членовите изразиле отворен револт и негодување за според нив пропаста во која се носи државата и криењето да се соопшти што се било дадено од раководството на СДСМ.

Извори од СДСМ велат дека критиките на дел од членовите дека СДСМ не смее да прифати такво нешто што е на штета на државата биле експресно и најбрутално напаѓани лично од Заев и неколкумина членови на раководството познати како безпоговорни  послушници на Заев.

Членовите од овие општински организации отворено укажале дека ваквите постапки на раководството никако неможат да бидат прифатени од најголемиот број членови на нивните организации кои отворено овие денови реагирале дека се против двојазичноста, двојазичната валута и двојазичните униформи.

Покрај отворените напади со кои се соочиле на седницата на централниот одбор, извори од СДСМ велат дека претседателите на овие организации на СДСМ во текот на вчерашниот ден биле исконтактирани од членови на највисокото партиско раководството при што со отворени закани им било наредено да не им падне на памет јавно да излегуваат и да се оградуваат од Заев.

Но и покрај таквите закани претседателите на овие седум општински организации одговориле дека тие го пренесувале ставот на членовите на СДСМ кои ни под разно не сакале да го прифатат ова што во моментов го прави раководството на партијата, бидејќи како што истакнале тие планирале и понатаму да останат да живеат во овие градови со своите сограѓани.

Дел од овие општински организации сметале доколку јавно не истапат против раководството на СДСМ дека никогаш немало да ги повторат резултатите од последните избори и дека рејтингот на СДСМ во нивните градови вртоглаво опаѓал. Според нив мислењето на нивните сограѓани и локални сопартијци било многу поважно од мислењето на Зоран Заев и дел од раководството на СДСМ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top