– Воодушевен сум од одѕивот на денешниот марш. Мислев дека ќе бидеме неколку пати помалку. Многу позитивно сме изненадени од одѕивот на луѓето. Голем дел од нив кажаа дека не биле никогаш на протест, но дека сега почувствувале потреба да излезат и да ја споделат емоцијата – истакна во вечерашните вести на „Сител“, Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Тој посочи дека има две цели за маршот, заедничка Македонија и четврт Илинден, односно повторување на вредностите.
– Решивме дека сега е нашето време, нашата должност, дека сакаме да живееме во оваа земја, заеднички со сите народи, како што сме живееле и досега. Нема да фрламе со бои по фасади и да уништуваме споменици. На мирен, достоинствен начин сакаме да го покажеме она што го чувствуваме и повикуваме и апелираме што повеќе луѓе да се вклучат на оваа иницијатива, на ова движење. Со огромна радост можам да ви кажам дека не е само сликата на улица којашто ја видовте, туку и поддршката којашто ја добиваме од страна. Има премногу луѓе кои се заинтересирани да се вклучат во ова – рече Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)