– Чувствувам достоинство кај Македонскиот народ, чувствувам храброст и одважност. Чувствувам одговорност за сегашноста и за иднината. Чувствувам дека сите што се собрани овде имаат воловско срце јуначко, „cor bovinum“, изјави легендарниот актер Владо Јовановски кој вчера приуствуваше на сенародниот марш против уривање на државата.
– Јас знам, сите ние, кои долги години живееме во сиромаштија дека без леб не се живее. Но, не се живее и без достоинство, колективно. Не сакам да бидам член на народ кој се самоукинал. Сакам со мојата маленкост колку можам да помогнам, да го зачуваме она што нашите предци ни го оставиле како аманет. Нашите предци кои се бореле во бројни востанија, реки крв се лиеле за оваа татковина. Не сакам да бидам преседан во светската историја и цивилизација дека припаѓам на народ кој сам себе се укинал на зелена маса. Тоа нема да го дозволиме на никого! Да живее Македонија!, изјави Јовановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)