| четврток, 6 декември 2018 |

Народот стана против Заев – СЈО се активира

По налог на еден амбасадор, преку негова вработена, тргнувајќи од денес, и продолжувајќи во наредните денови, СЈО добило задача со свои засилени активности да го отргне вниманието на јавноста од актуелните народни протести против операцијата за смена на власта и носење на Зоран Заев за премиер, како и првиот најавен и започнат чекор за двојазичност на целата територија на Македонија, дознава „Нетпрес“.

Извори за „Нетпрес“ велат дека, по добиениот налог во СЈО забрзано се работи на подготовка на нови истраги и обвиненија, со веројатни барања на претреси по домовите и работните места на функционери на ВМРО-ДПМНЕ и нивни соработници или лица за кои СЈО смета дека на некаков начин се блиски до власта.

Првата и главна цел е отргнување на вниманието на јавноста од правењето бинационална држава и насила носење нова партија на власт.

Втората цел е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Амбасадорот проценил дека Груевски е главен кохезивен фактор не само во ВМРО-ДПМНЕ, туку и пошироко кога станува збор за напорите за националните и државните интереси и главниот мотор по тоа прашање. Затоа оцениле дека независно што нема никакви докази за сторено кривочно дело, потребно е Груевски отсега да биде приклучен во сите или во најголемиот број отворања истраги и обвиненија со неколку цели.

Прво, да биде максимално искомпромитиран и тоа да го намали неговото влијание во политичкото делување, особено во овие клучни моменти. За таа цел било укажано дека не треба да се оди со соопштенија, туку со прес конференции кои треба да изгледаар многу убедливи, иако нема никаков доказ или поврзаност на Груевски со тоа што ќе му го товарат.

Претпоставка на сценаристот е дека сепак дел од граѓаните ќе поверуваат во приказните на СЈО, што во овој момент им е многу важно.

Второ, цел е Груевски наместо со актуелните настани да се занимава со СЈО, судови и слично и да биде целосно дефокусиран од актуелните случувања.

Третата цел е напорите за одбрана на националните и државните интереси да се прикажат пред јавноста како борба и обид на Груевски и раководството на ВМРО ДПМНЕ за избегнување кривична одговорност.

Нарачателот бил убеден дека народните протести нема да вродат со плод.

При договарањата на сценаристите со СЈО воопшто не ги интересирале докази. Клучно прашање им било кога и дали судот би попуштил под нивниот притисок со цел да почне да одобрува апсења, притвор, претреси и слично, без докази, и со тоа да се скрши отпорот и деморализира народот.

Ќе се оди и на обиди да се изврши притисок на други лица и соработници со закани и заплашувања дека тие ќе заглават за да станат лажни сведоци против Груевски и раководството на ВМРО ДПМНЕ.

Се’ е ставено во контекст на медиумска кампања за перцепција и психолошка војна. Едноставно потребно им е шоу, со кое ќе се пренасочи вниманието на народот од проблемот со редифинирање на државата и намалување на силата на отпорот со елиминација на Груевски и неговите најблиски луѓе и сорбаотници.

Планот е потрупување на раководството на ВМРО ДПМНЕ со истраги и обвиненија, десетици и стотици, нивно максимално малтретирање и по можност апсења, и оставање простор да се истера процесот за редефинирање на државата, почнувајќи со двојазичноста, менување на името и идентитетот и на крај федерализација или кантонизација со можност за отцепување на делови од земјата.

Ќе се оди бескурполозно и безобзирно, особено во правец на притисок врз судот за да прифати да биде под целосна команда на надворешни центри.

Планот е затворање на македонското прашање еднаш за секогаш на штета на Македонија и на македонскиот народ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top