Дури и организаторите истакнаа дека се изненадени од огромниот број на граѓани кои се приклучија, по помалку од 12 часа од формирањето на иницијативата. На маршот се скандира МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА и се пеат патриотски песни.
–Сите кои сме тука одлучивме на мирен начин. Повикуваме на свест, разум и одлучност. Апелираме вашето демократско право да го изразите мирно и достоинствено, со почитување на законите. Покажуваме почит кон институциите и чуварите на миеор и сите граѓани кои веруваат во иднината на Македонија како мзаедничка држава. Симболот кој не обединува е знамето на РМ, жолтата и црвената боја. Народот е најдобриот чувар на мирот во сопствената држава, истакна Борис Дамовски.
Пред почетокот на протестот актерот Владо Јовановски повика достоинствено и храбро во одбрана на Македонија.
–Браќа и сестри Македонци, бидете будни, Македонија ве вика! Достоинствено и храбро излезете на протест за одбрана на татковината. Дигнете го вашиот глас во одбрана на единственото слободно парче македонска земја! Бидете сигурни дека нашиот крик до небото се слуша. Крикот на праведниците небото ќе го расцепи, а македонскиот јазик душата ќе ви ја стопли, каде и да сте по светов, и сега и секогаш и во век и веков! Ние не креваме глава против другите јазици и народи со кои од памтивек живееме заедно и делиме добро и зло, туку го креваме гласот против душманите на Македонија и на македонскиот народ, кои се наши заеднички непријатели, мили наши комшии и пријатели. Затоа во оваа последна битка за зачувување на унитарноста на Македонија, треба да сме сите под исто знаме, и турци и срби и албанци и власи и роми и бошњаци и бугари и египјани и христијани и муслимани и атеисти. СИТЕ! Сите против заедничкиот непријател кој сака да ја отсече последната гранка на која стоиме – ИМЕТО! А со името сака да ни го сотре родот наш македонски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“