Оперскиот пејач Игор Дурловски на социјалната мрежа Фејсбук покрена акција и ги предивизика пријателите да запеат за Македонија. Дурловски бара од неговите фејсбук пријатели да се снимаат како пејат на македонски, видеото да го објават на социјалната мрежа и да ги предизвикаат нивните пријатели да го сторат истото.
Поддршка за оваа иницијатива на Дурловски даде неговиот колега, Цветан Стојановски кој на социјалните мрежи побара сите да пејат на македонски, бидејќи како што вели тој, кога пееме на македонски пееме на јазикот кој ни извира од сршта и коските.
-Да си ја отвориме душата. да прочепкаме низ гените, да го чуеме во нас минатото. Да ни заигра срцето, а тогаш да се погледнеме во огледалото и да си кажеме кои сме. … Можете да одберете песна на било кој од 10000 јазици, но ниту една од нив нема да би легне на грлото како онаа нашата, македонската, пишува меѓу другото Стојановски.
-Драги ФБ пријатели, Ве предизвикувам да запеете за Македонија. Јас пеам, пејте и Вие, пишува оперскиот пејач Марјан Јованоски кој го прифати предизвикот на Дурловски и побара и неговите пријатели да запеат.
Поддршка претходно даде и пејачката Андрија Јаневска споделувајќи нејзина песна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)