Дисциплинската комисија на францускиот фудбалски шампионат ја казни Бастија со одземање еден бод од бодовното салдо поради расистички навреди на публиката упатени кон Марио Балотели од Ница.
Бастија дополнително е казнет и ќе затвори дел од стадионот за време на три домашни дуели од првенството. Приврзаниците на екипата од Корзика манифестираа расизам кон италијанскиот напаѓач на натпреварот во јануари.
Поради мајмунски звуци, упатени кон Марио Балотели, еден навивач нема да може повеќе да ги посетува натпреварите на Бастија на домашен терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.