| четврток, 6 декември 2018 |

За четири години инвестирани 73,2 милиони денари во инфраструктурата во Гевгелија

gev

Општина Гевгелија изминативе четири години за подобрување на комуналната инфраструктура вложила 73,2 милиони денари кои биле потрошени за нови канализациски линии во повеќе населени места.

Целосно нови канализациски мрежи добија населените места Моин и Давидово, а на повеќе гевгелиски сообраќајници кои беа реконструирани, изградивме атмоферска канализација, потврдија денеска од надлежната општинска служба од каде посочија дека најголемиот дел од средствата, околу 28,5 милиони денари биле наменети за проширување на фекалната канализација, а околу 28 милиони денари за изградба на атмосферска канализација.

Покрај ова, беше речено дека во изминатиов четиригодишен период над 15 милиони денари општината потрошила за санација, реконструкција и одржување на одводните канали и речните корита и дека во овој период комплетно бил уреден одводниот канал „Рауљ“.

Во извештајниот период биле реализирани 50 зафати за проширување на комуналната инфраструктура во општина Гевгелија финансирани со средства од општинскиот буџет и финансиска подршка од Владата на Република Македонија и ИПА грантови. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top