| четврток, 6 декември 2018 |

Загина синот на сопственикот на „Џамбо“ , претходно усмртувајќи мајка и дете

Синот на сопственикот на грчкиот синџир продавници „Џамбо“, Џорџ Вакакис (24) загина во сообраќајна несреќа на автопатот Атина­-Ламија удирајќи во паркирано возило, при што загинаа четири лица, меѓу кои и тој.
Според информациите на грчките медиуми, Вакакис го возел „поршето“ на татко му, а во паркираниот автомобил „хонда“, во кој удрил, загинале 33-годишна жена и тригодишно дете.
xambo
Возачот на автомобилот „хонда“ во кој удрил Вакакис го оставил возилото на паркинг и пошол во тоалет, а во автомобилот останале неговата сопруга и детето. Од ударот се слушнала само експлозија, а кога возачот на „хондата“ излегол видел два автомобила како горат. Мажот се стрчал да им помогне на жената и на детето, но тоа било  невозможно – рекле  очевидци.
xambo2

Вакакис загубил контрола врз поршето и со голема брзина удрил во паркираното возило. Во сообраќајната несреќа, животот го загубил и сопатникот на Вакакис, кој од ударот излетал. Телото на Вакакис било пронајдено јагленисано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top