Панче Кралев заминува од позицијата министер за образование и наука, а на негово место доаѓа министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристоски. Кралев би требало да биде советник за образование во кабинетот на Премиерот Никола Груевски.
Нов министер за труд и социјална политика ќе биде Диме Спасов, поранешен директор на Агенцијата за млади и спорт, а во Министерството за труд доаѓа од позицијата директор на скопскиот Катастар.
Предлогот за ротација на министерските места веќе е доставен до Собранието на Република Македонија и најверојатно во текот на неделава ќе се најде на дневен ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.