| четврток, 6 декември 2018 |

Ибракадабра го реши Саутемптон и му донесе трофеј на својот јунајтед (видео)

zlatan ibrahimovic

Манчестер Јунајтед е победник на англискиот Лига Куп, откако во драматично финале на „Вембли“ го совлада Саутемптон со 3-2 (2-1), во меч во кој со два гола одлучувачки фактор и играч на натпреварот е Златан Ибрахимовиќ.

Во возбудлив дуел, Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ беше херој на финалната пресметка, постигнувајќи го победничкиот погодок во 87.минута. Тој со удар со глава по центрашутот од десната страна, ја закова топката во противничката мрежа, за прв трофеј со „црвените ѓаволи“ по доаѓањето ова лето. Тоа е прв пехар и за Жозе Мурињо на клупата на Манчестер јунајтед во Англија.

Ибрахимовиќ беше стрелец и на првиот гол за Јунајтед на овој меч, а на 2-0 зголеми Лингард во 38.минута.

Габијадини намали на 2-1 пред самиот крај на првото полувреме, а истиот фудбалер израмни во 49.минута. Но, Ибракадабра го постигна победничкиот погодок во 87.минута за триумф на Манчестер јунајтед во ЕФЛ Купот на Англија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top