| четврток, 6 декември 2018 |

Лацио и Милан славеа мининално со голови од пенал! (видео)

karlos baka

Лацио стигна до планирани три бода во рамките од 26. коло во Серија А откако римскиот клуб славеше во пресметката со Удинезе со минимални 1-0. Имобиле беше стрелец од пенал во 72. минута, со што римјаните конечно го скршија отпорот на тврдоглавиот противник.

 

Со идентични 1-0 славеше и Милан, но на гостински терен против секогаш незгодниот Сасуоло. Триумфот на „росонерите“ е судиски подарок со оглед на фактот дека Бака при изведувањето на пеналот топката ја удри со двете нозе, што е недозволено, но арбитрите го признаа овој погодок.

Џенова под водство на новиот тренер Мандорлини едвај стигна до бод на домашен терен против Болоња (1-1). Горан Пандев не влезе во игра на оваа средба, а израмнувачкиот погодок за Џенова го постигна Нчам во 94. минута.

Резултати Серија А:

Киево – Пескара 2-0, Кротоне – Калјари 1-2, Лацио – Удинезе 1-0, Сасуоло – Милан 0-1, Џенова – Болоња 1-1.

Дербито на колото се игра вечерва од 20.45 часот на „Џузепе Меаца“ каде домашниот Интер ја пречекува Рома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top