| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени над 8 илјади евра од стан во Капиштец

kradec

Крадец успеал да влезе и да украде пари, накит и компјутери во вкупна вредност од 500.000 денари од стан во скопски Капиштец, соопшти полицијата.

Вчера, во периодот од 08 до 13 часот, на улицата „Јуриј Гагарин“ во Скопје непознат сторител користејќи згодна прилика влегол во станот сопственост на Е.М.В. (46). Одзел парични и девизни средства, банковна картичка, златен накит, два преносни компјутери и ајпод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top