| четврток, 6 декември 2018 |

Потресен оглас: Продава стан за да купи бубрег!

Пејачката Мина Николиќ (31) од Белград плни со својата енергија, насмевка и шарм. Голем број на белградски клабери и музичари ја знае, а на широката јавност и станала позната кога пред неколку години се појавила во емисијата „Јас имам талент“. Тогаш покажала дека и покрај тешката болест на бубрезите, заради која оди на дијализа, може да се бори за она што го сака.

Меѓутоа, Мина сега се најде во незавидна ситуација. На својот Инстаграм профил поставила загрижувачи оглас, дека го продава станот за да купи бубрег.

-Продавам стан. За да си купам бубрег. Во денешно време сите бараат донации за операција и доброволно се собираат пари. Јас продавам стан. Сопственичка сум. Ми треба за трансплантација на бубрег – напишала таа во опис на огласот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top