
Вчера во 09,05 часот на локалниот пат с.Марино- с.Миладиновци, во близина на крстосницата со локалниот пат за с.Кадино-Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило„Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(1969) од с.Миладиновци-Скопје, и патничко моторно возило „Фиат Браво“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(1980) од Кичево.
Во незгодата од здобиените тешки телесни повреди на местото на настанот починал возачот на „Голфот“-С.С., додека возачот на „Фиатот“ Д.П. и сопатникот од истото возило В.Ј. (1985) од Струмица, се пренесни во УЦ-Скопје, каде кај Д.П. се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување, додека В.Ј. се здобил со телесни повреди и е пуштен на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвините и екипа од СВР-Скопје.
По наредба на ЈО, телото на починатиот е пренесено во Институтот за Судска Медицина за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


