Францускиот филозоф Данијел Шифер сведочи дека во Босна и Херцеговина бил сведок на создавањето на Ал Каеда, на Исламска држава и на стравични злосторства врз Србите. Тоа го рече во Париз, каде ја претстави својата книга „Косовски тестамент“, објавена кон крајот на 2015 година.
Шифер вели дека таа книга е сведоштво во вид на дневник воден од 24 март до 10 јуни 1999 година, за време на НАТО агресијата врз Србија. Исто така, зборува и за своите искуства во БиХ.
-Џихадисти им ги сечеа главите на Срби и со нив играа фудбал. Сега тоа се случува овде – рече Шифер.
Тој додаде дека дневникот, пропратен со фотографии, говори за убиствата на Србите и злосторствата на НАТО, и дека е објавен во име на историската вистина и протест против оние кои ја нападнаа Србија без мандат од ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Последната слика што ми стои пред очите е Калина и тројцата планинари како одат кон врвот – трогателно сведоштво!
-
Сведоштво на жители на Аеродром: Како ги спасувавме децата од бесниот ротвајлер (видео)
-
Сведоштва: Како загина Даме Груев (Видео)
-
Сведоштво на Ана од Хрватска: Утрово јас се вратив дома, но некои луѓе немаа каде