Бура предизвика поплави во одредени делови на Рисна и Будва, а помала штета е нанесена и во Подгорица.
Во Будва голем број автомобили останаа заглавени во вода, јавуваат црногорски медиуми.
Поради поројните дождови и зголеменото ниво на водата во некои делови на градот поединечни патишта се поплавени и непроодни.
Во Подгорица штета предизвика силниот ветер, кој корнеше стебла, додека дожд врнеше со послаб интензитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.