Се разбира дека Претседателот на РМ, согласно сo Уставот, нема да даде мандат за спроведување на антиуставна програма односно закони, како овој за целосна двојазичност, и со тоа ќе се распишат нови избори кои нема да бидат нелегални како претходниве (со масовен поткуп за што веќе има докази и истраги), пишува политичкиот аналитичар и универзитетски професор Тони Науновски, на својот профил на Фејсбук. Тој вели дека претседателот на државата би го прекршил уставот долколку му го додели мандатот за формирање на влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
„Има три уставно-правни аргументи за тоа зошто претседателот Иванов не смее, и не може да му го додели мандатот за составување Влада на Заев-СДСМ:
Прво, изборите на 11 декември беа нелегални, со бројни докази, индиции и факти за масовни поткупи на гласачи во многу региони и изборни единици (според изјавите на ОЈО и МВР). Договорот од Пржино не овозможи фер и демократски избори.
Второ, во Уставот не е предвиден втор мандатор, уште повеќе што поминаа дваесет дена откако заврши рокот за составување на Влада од страна на победникот на изборите (ВМРО).
Трето – како што веќе јавно изјави претседателот, тој не смее да определи мандатор за состав на влада со антиуставна програма, која ја нарушува унитарноста на државата, ја редефинира со двојазичност итн.“, напиша Науновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


