Вип Арена СЦ Борис Трајковски беше средиште на задоволни семејства, кои низ ревијални спортски натпревари имаа можност да се дружат, спортуваат и забавуваат со нашите македонски спортски ѕвезди од редот на Филип Кузмановски, Томи Стефановски, Евгениј Поп Ацев, Лина Ѓорческа, Мартин Несторовски, Огнен Стојановски, Наташа Илиевска, како и спортските легенди, како Стефче Алушевски и Наумче Мојсовски.
Ова е дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт, СЦ Борис Трајковски и Сојузот на спортски федерации на Македонија, кој по втор пат на едно место ги собра познатите спортисти, културни умeтници и граѓани со една и единствена цел да го промовира спортот преку семејните вредности.
За сите учесници имаше симболични спортски награди.
– Промоцијата и воздигнувањето на спортот, негувањето на семејните вредности и мотивирањето на граѓаните за што почесто спортување и спортско дружење со своите семејства е една од главните причини за реализација на овој проект. Убеден сум дека на ваков начин ќе придонесеме за подигнување на свеста за водење на спортски и здрав начин на живот од една страна, но и за одржување на семејните врски и вредности преку спортските активности, изјави директорот на Агенцијата а млади и спорт Марјан Спасески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Перински: Да не беше владата на ВМРО-ДПМНЕ, СЦ „Борис Трајковски“ никогаш немаше да се изгради
-
Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради 145 училишни спортски сали, доделуваше стипендии и воведе спортска пензија
-
Компаниите веќе ги потпишуваат првите договори за даночно ослободување по инвестирање во спортска федерација
-
Македонија викендов ќе биде домаќин на Европското првенство во кајак