| четврток, 6 декември 2018 |

Мистеријата со богатиот архитект: Кој е мажот вмешан во случајот со бруталното убиство на бремената тинејџерка од Хрватска

kris
Мистериозниот маж, ценет архитект, кого мајката на убиената Кристина Крупљан го навела како ново момче на нејзината убиена ќерка, вчера за “Jutarnji List” изјавил дека е шокиран од целата ситуација.

-Ме вмешаа во нешто со кое немам апсолутно никаква врска. Ги отфрлам тврдењата на медиумите дека сум татко на нејзиното дете бидејќи не сме имале никаков однос. Бев површен познаник на Кристина и ја немав видено нити слушнато подолго време. И тоа не е тешко да се докаже ако биде потребно- рекол тој.
Некои од заедничките пријатели на Кристина и нејзиното поранешно момче и убиец Давид Комшиќ, велат дека тие никогаш не ја прекинале врската и дека божиќните и новогодишните празници ги минале заедно.

-Ни кажа дека е бремена, а се појавија шпекулации дека татко на детето сепак бил Давид, но ние тоа не можеме со сигурност да го тврдиме- вели една од потресените пријателки на Кристина.

kris2

Познаниците на осомничениот велат дека семејстовото Комшиќ е од Кисељак.
Иво Комшиќ е од богато семејство, имаат голем работен простор во тој град, а кон средината на 90-тите го држеа познатиот диско клуб “Мајами”. Мајката на Давид, Оливера, исто така е од богато семејство, нејзините имаа бензинска станица во Кисељак.
Во Загреб прво отишол Иво Комшиќ, а кратко по него и целото семејство – сопругата, двете постари ќерки и синот Давид. Давид во Загреб завршил угостителско училиште и како келнер работел во кафулето на неговиот татко. Од тој бизнис семејството Комшиќ излегло минатата година.

Сопругата на Комшиќ, ја води компанијата “Комшиќ ј.д.о.о”, а според податоците од судскиот регистар, се занимава во главно со сместување и дополнителни услуги. Во 2013. година имале приход нешто помалку од милион куни. Покрај тоа, имаат и маникир салон. Денес го имаат и хотелот “Inn Forty Two” со површина од околу 450 метри квадратни во Загреб.
На Ференчици, каде семејството Комшиќ има повеќе недвижнини, соседите велат дека таткото е бесен на синот, дека на познаниците им велел дека му дал се на Давид и дека не можел да замисли дека е способен да направи нешто такво. Давид пред неколку години имал три автомобили, користел Мерцедес, а другите им ги давал на пријателите.

kris3

Комшиќ е пријавен по членовите 2, 3 и 4 од членот 111 од Кривичниот закон, за што е предвидено најмалку десет години, а дали го одземал животот на мајката на своето дете, или татко е некој друг, ќе покаже вештачењето.
Неколку дена по убиството, мајката на жртвата, Весна Крупљан, не престанува да ги следи медиумите, бидејќи само од таму добива нови информации.

Ја боли и тоа што семејството на Давид не изразило сочувство.
-Изостана реакција и од пријателите на Кристина. Кристина ќе биде погребана во понеделник на Марково поле – рекла неутешната мајка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top