| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ го купи ДУИ со по 5.000 евра казна по глава на Македонец

ДУИ вчера донесе одлука своите потписи да му ги даде на СДСМ за добивање на Влада и отпочнување на преговори за формирање на истата. По сите изјави и најави дека доколку СДСМ дојде на власт следува двојазичност и редефинирање на Македонија, ДУИ потписите ги даде и за двојазичните пари и казните за неупотребата на албанскиот јазик.

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи вчера од Мала Речица истакна дека партијата ги дава потписите за да се деблокираат некои процеси и да се запазат роковите за локалните избори, бидејќи нивното одложување не е во интерес на граѓаните на Македонија.

– Сега само даваме подршка за мандат, да се деблокираат некои процеси, затоа што не е во интерес на државата локалните избори да се одоложат. Но тоа не значи дека имаме договор за коалиција. Ако се одлучиме за учество во влада треба да се усогласат програмите, изјави Османи.

Сепак, она што во ДУИ го знаат и за што се сигурни е тоа дека со лидерот на СДСМ Зоран Заев се договориле албанскиот јазик да го има на парите, а договор паднал и за казни од 3-5000 евра за неупотреба на албанскиот јазик. Токму Османи говореше за овие теми во гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М телевизија.

–Како член 8 од овој закон, и банкнотите и монетите ќе бидат на албански…, истакна Османи во емисијата.

Османи истакна и дека за време на преговорите Заев прифатил казни за неупотреба на албанскиот јазик.

–Овој закон е за употреба и заштита на албанскиот јазик. Тука многу јасно се предвидени механизмите за набљудување на употребата на албанскиот јазик и казнувањето на евентуалното неупотребување на албанскиот јазик. Со прецизни казни се предвидуваат три до пет илјади евра за институцијата, 30% за физичкото лице на таа институција. Дефинирани се сите компетенции на тој инспекторат, но и на агенцијата која ќе го направи стандаризирањето и одбраната, рече Османи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top