| четврток, 6 декември 2018 |

Шверцерски и срамен план: Заев ќе ги протне двојазичните денари и казните за неупотреба на албанскиот јазик со измама

Европскиот закон со „ѕвездичка“ за кои зборува Османи не се хармонизира со никаква европска одредба, а дополнително е спорно и укажува на задните намери на СДСМ

Не се исклучува можноста законот за двојазичност да биде донесен како европски закон, со „ѕвездичка“, вели Бујар Османи. Портпаролот на ДУИ  за оваа тема говореше во гостувањето во емисијата „Патот кон“ на „Алсат-М“, каде истакна повеќе детали од преговорите меѓу двете партии.

Меѓу другото Османи вели дека со СДСМ било разговарано и на кој начин ќе се спроведе законот.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев планира законите за двојазичност на парите и казните за неупотреба на албанскиот јазик да ги протне како закон со европско знаменце, бидејќи, како што вели Османи, тоа при носењето го олеснува процесот.

zoran-zaev-sdsm-640x357

-Да бидам искрен има две варијанти кои ги разгледуваме. Има варијанта која за да се усвои или да се стави веднаш во Парламентот по формирањето на владата. Тука има олеснување бидејќи на тој начин се става во законите, кои се усвојуваат и се со „ѕвезда“ или кои се во процес на интеграција во ЕУ и тие закони имаат 10-дневни ограничувања за одобрување. Ова е една варијанта за олеснување на усвојување на законот, истакнува Османи.

Ваквото спроведување и донесување на законите би се направило шверцерски и срамно на мала врата далеку од очите на јавноста, а со тоа и ќе се обидат да ја редефинираат Македонија исто како што правеше Заев за време на преговорите.

Европскиот закон со „ѕвездичка“ за кои зборува Османи не се хармонизира со никаква европска одредба, а дополнително е спорно и укажува на задните намери на СДСМ.

За потсетување, законот во 2008-та кога е донесен не минувал низ процедурите како закон со ЕУ „знаменце“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top