| четврток, 6 декември 2018 |

Потписите се само формалност, барањата на Албанците се најважни за ДУИ

Потписите за ДУИ се само формалност, додека содржината е поважна од формата, пишува шефот на кабинетот на партијата, Артан Груби, на неговиот профил на „Фејсбук“.

– За нас отсекогаш позначајна беше содржината, а не формата. Содржината ги подразбира сите албански барања и достигнувања, додека формата претставува давање на потписи или и учество во влада. По постигнувањето на целосно и безусловно исполнување на нашиот предлог закон за албански јазик како и сите елементи од заедничката Албанска Декларација, потписите се само формалност. Значајно за нас е да ги исполниме барањата и очекувањата на Албанците, додека учеството во Влада или поддржување малцинска влада ќе се разледува дополнително затоа што првенствено и најбитно за нас беше да се постигнат албанските барања како апсолутен предуслов – пишува Груби.

artan grubi

Имено, како што информиравме доцна синоќа ДУИ и соопшти на јавноста дека партијата на Али Ахмети ги дава потписите на Заев за да тој биде иден мандатар.

Но, сепак, во понеделинк ќе се знае точната одлука на најголемата албанска партија дали ќе влезе во коалиција со СДСМ или ќе дејствува како опозиција во малцинска влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top