| четврток, 6 декември 2018 |

Куче крвнички изгризало девојче, сопственикот побегнал со него (вознемирувачко фото)

profimedia-0008073664

Деветгодишно девојче шетало заедно со нејзината другарка на детско играчиште, кога одненадеш и скокнало куче од расата јапонска акита. Девојчето било крвнички изгризано, а сопственикот на кучето побегнал со својот миленик.

-Врз мојата ќеркичка скокна куче јапонска акита и ја фати за усните. И направи ужасни повреди и и ги искрши забите. Таа е оперирана во детската болница и сега се наоѓа на домашно лекување – раскажува таткото Видо Раѓеновиќ од Нови Сад.

Тој вели дека нападот се случил во неделата околу 18 часот во новосадската населба Детелинар каде има игралиште за деца, теретана и ограден простор за сето тоа.

-Ќеркичјата со другарка се шеташе на игралиштето за деца. Сопственикот на кучето седеше и со една рака куцаше на мобилен, а со другата го држеше кучето кое беше без корпа на јажето. Тоа наеднаш скокна и ми го фати детето за ста. Крв шикна, а тој како што велат сведоци, го погледнал кучето и му рекол: „Види што направи“ не обидувајќи се да му помогне на моето дете, раскажува Раѓеновиќ.

Веднаш дотрчаа родителите кои беа со деца, а тој стана и си отиде со кучето.

-Луѓето му викаа: „Застани, каде бегаш“, а тој почна да трча со кучето. Се обидоа да го фотографираа, но со оглед дека трчаше, фотографијата е многу лоша, вели вознемирениот татко, додавајќи дека за случајот го известил соседот.

Кога стигнал, се шокирал од глетката.

vido-radenovic-cerka-devojcica-pas-japanska-akita-izgrizao-napao-novi-sad-1487976791-1113995

-Ќерката крвава плаче…Ужас! Итната помош не однесе во болница, каде веднаш беше оперирана, наведува тој.

Како што вели, сопственикот на кучето се уште не е пронајден. Во цел Нови Сад мал е бројот на кучиња од таа раса, со оглед на тоа што е познато какви се мажјаците од таа раса. Граѓаните кои се присутни велат дека момчето има 20-ина години, и дека е висок од 175 до 180 см и слаб, а кучето е со бело-златна боја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top