Трамповата администрација им го блокираше пристапот на Си-ен-ен, Би-би-си, Њујорк тајмс, ЛА тајмс, Њујорк дејли њуз и Дејли мејл на прес конференција во Белата куќа. Односно им го забранија влегувањето на медиумите кои Трамп веќе ги прозва во своите говори.
Меѓутоа, им беше дозволен влезот на медиумите кои ги застапуваат десничарските ставови – Брајбарт, Уан Америка њуз нетворк, Вашингтон тајмс, а покрај нив присуствуваа и Еј-би-си, Си-би-ес, Ен-би-си, Фокс њуз, Ројтерс и Блумберг.
„Никогаш вакво нешто не се случило во Белата куќа. Силно сме против исклучувањето на Њујорк тајмс и другите медиуми. Транспарентна влада и слободата на медиумите се витални за националните интереси“, коментираше уредникот на Њујорк тајмс Дин Бакет.
Некои медиуми, вклучувајќи ги Асошиејтед прес и Тајм магазин, одбија да присуствуваат на прес конференцијата во знак на бојкот на одлуката на Трамп, пренесува Индипендент.
Здружението на дописници од Белата куќа (ВХЦА) ја критикуваше неговата одлука: „Одборот на ВХЦА остро протестира против денешната одлука на Белата куќа“, изјави претседателот на здружението Џеф Мејсон. „Ќе ги поттикнуваме медиумите на кои им е дозволен пристапот да ги споделуваат материјалите со оние на кои им е забранет. Одборот ќе продолжи да расправа за ова со Белата куќа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)