Нашите две партии ја премолчеа платформата, тој неважечки документ, за да преговараат и да се пазарат околу нова влада. Нас нè не интересира кој ќе формира нова влада, туку зошто после објавување на платформата молчевте? Бараме одговор што договоривте во Мала Речица. За нас Платформата е ништожна и не е документ за остварување нечии права туку за укинување на македонското дело. Тоа што го уништивте во овие 25 години ние сме подготвени да го излечиме. Ние кажуваме доста, имаме институции, ќе ги чуваме, изјави пред Споменикот на бранителите, Драган Угриновски од здружението „Тврдокорни“.
Од здружението најавија дека ќе има и понатаму притисок со мирни маршеви, додека не се решела работата за доброто на Македонија. Нагласија дека не се поврзани со ниту една партија, а излегле на улица поради поради молкот на оние кое се сметаат дека се најголеми и молкот за агресијата од Тирана од Приштина.
Ова здружение денеска го организираше маршот на кој учествуваа неколку стотина граѓани. Маршот го започнаа од пред Соборниот храм во Скопје, а заврши во паркот „Жена борец“. Додека маршираа дел од граѓаните вееја знамиња и патриотски симболи, а други пак пеаја патриотски песни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)