Денеска се одржа редовна средба на Централното претседателство на ДУИ во Мала Речица.
Бујар Османи во изјава за медиумите рече дека дебатирале и разговарале по однос на аргументите за понатамошни чекори и одлуки што треба да ги донесе партијата на Ахмети.
Османи потсети дека на претходната седница на партијата е усогласен Законот за јазикот, критериум, услов или Закон кој што ги надминува билатералните односи помеѓу две партии односно ги надминува заедничките определби за взаемно коалицирање.
– Имавме редовна средба на центрлното претседателство на партијата во кое што разговараме и дебатираме за аргументите за понатамошните чекори и одлуки што треба да ги донесе партијата. Како што знаете веќе на пртеходната седница го усогласивме текстот на законот за употреба на јазиците. Критериум, услов или закон кој што ги надминува билатералните односи помеѓу две партии, односно ги надминува определбите заедно коалицирање. Тоа беше услов без кој што не се може понатаму во разговорите за било која опција и откако се утврди тектот на тој закон, остануваат два начини или два инструмента за реализација на тој закон. Едното е преку учество и партиципирање во владина коалиција, другото е преку поддршка на малцинска влада, останувајки во опозиција и давајки поддршка на една таква влада. Меѓутоа цело време со услов, усвојување на законот за јазици. Предноста што членовите на претседателството ја гледаат во останување во опозиција е во фактот да се овозможи секој што имал сомнежи сите овие десет години во работата на ДУИ да може тоа да го направи без да биде попречен од учеството на ДУИ во Владата. Се разбира постојат и други аргументи за тоа и за тоа исто така членовите на претседателството дебатираат. Заначи останува законот за јазици како улов без кој не се може, инструмнтите за реализирање се два, преку учество во Влада или преку поддршка на макцинска Влада. Тоа се двете опции што денеска претседателството ги дебатира, истакна Османи.
Османи додаде и дека оваа дебата најверојатно и во следните денови ќе продолжи .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
Османи: Стенковец ќе добие меморијален центар на албанскиот холохауст во спомен на избрканите од војната на Косово
-
ДУИ не се подготвени: Не е време за предвремени избори
-
Ахмети: ДУИ има огромен придонес во менувањето на името на државата со цел доближување до ЕУ и НАТО