| четврток, 6 декември 2018 |

Одбојкар го смени полот и сега настапува во женската лига во Италија!

tifani 1

Бразилската одбојкарка Тифани Переира де Абреу целата кариера настапуваше како маж и доминираше во машката одбојка како Родриго. А, потоа го смени полот, заигра за италијанската женска екипа Голем Палми и сега е Тифание, една од омилените одбојкарки во клубот.

Родриго ја оствари долгогодишната желба, и откако доби официјално одобрение од Меѓународната одбојкарска федерација, заигра за женска екипа и сега е во втората италијанска лига.

– Сите одлично ме прифатија. Девојките уште од првиот ден ме гледаат како сестра – вели Тифани Переира де Абреу.

Задоволен е и тренерот на италијанскиот тим Голем Палми.

– Ни понудија извонредна одбојкарка која претходно била машко. Тоа не ми пречеше. Ја избравме врз основа на нејзините резултати – изјави Пасквалино Џангроси.

tifani

Тифани и како Родриго на тренинг доаѓала со шминка и со женски модни додатоци на облеката. Никогаш не криела што е и како се чувствува и во одредени средини имала проблеми со тоа затоа решила да го напушти Бразил. Сега во Италија е прифатена како Тифани и настојува да ги докаже своите спортски способности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top