По претставувањето на болидот од страна на Мерцедес, денес дојде редот и на најуспешната екипа на сите времиња, Скудерија Ферари. Болидот СФ70-Х беше претставен на Фиорано, патеката на италијанската екипа, а настанот беше пренесен во живо.
Од екипата се надеваат на титула, која ја чекаат вече 10 во индивидуална конкуренција, односно 9 во конкуренција на конструктори. Себастијан Фетел и Кими Раиконен ќе се надеваат на подобра сезона и на прекин на доминацијата на Мерцедес и Луис Хамилтон.
Поради новите правила можеме да очекуваме многу изненадувања во новата сеона, а Ред Бул за два дена ќе го претстави својот болид во Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.