Вчерашните дуели во Лигата на Европа ја комплетираа првата нокаут-фаза и ги дадоа имињата на сите осминафиналисти. На големо изненадување во најдобрите 16 екипи место најдоа дури три екипи од Белгија, по две од Германија и Русија, а Манчестер јунајтед на Жозе Мурињо ќе биде единствен претставник на Англија.
„Црвените ѓаволи“ се најголем фаворит за освојување на титулата, која оваа година ќе добие нов сопственик, со оглед на учеството на Севилја во Лигата на шампионите.
На денешната ждрепка во Нион, Швајцарија беа избрани двојките за осминафиналната фаза:
Осминафинални двојки во Лига на Европа:
Селта – Краснодар
АПОЕЛ – Андерлехт
Шалке 04 – Борусија Менхенгладбах
Лион – Рома
Ростов – Манчестер Јунајтед
Олимпијакос – Бешикташ
Гент – Генк
Копенхаген – Ајакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија на 13 октомври го пречекува Лихтенштајн
-
Палота до Барселона: Дајте ни го Меси и сè ви е простено
-
Картите се спремни: Рома го знае својот противник во Лигата на шампионите? (фото)
-
Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат