| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ се мобилизира, Македонија треба да се брани: Свикани итни состаноци на сите општински комитети

ВМРО-ДПМНЕ свикува итни седници на општинските комитети на партијата во цела Македонија. Ова следува по информациите за обидот на СДСМ и на ДУИ за редефинирање на Македонија, спротивно на волјата на мнозинството Македонци.
„Јавно.мк“ објави порака со известување испратена в четврток попладне како насока до сите општински комитети во целата земја.
„Во текот на утрешниот ден треба да одржите итна седница на општинскиот комитет во проширен состав, со сите претседатели на месни комитети. Уште од вечер известете ги сите членови задолжително да бидат присутни на состанокот што значи вечерва и утре од сабајле преку итни кол-центри да ги информирате. Насоки по однос на темата на состанокот ќе доставиме во текот на утрешниот ден. Тргаме во офанзива, нападната ни е Татковината, Македонија треба да се брани. Следува бурен период, пролет со многу енергија и борба за ВМРО и Македонија. Ќе победиме!
Да живее ВМРО, да живее Македонија!!!“
VMRO-se-mobilizira

Лавина од реакции има и на социјалните мрежи, каде што атмосферата е зовриена по откривањето на содржината од договорот меѓу СДСМ и албанските партии. Граѓаните се бесни и бараат одговорност и реакција на обидите да се воведе двојазичност во Македонија, посебно со договор аминуван од партија која ја нема поддршката од мнозинството граѓани во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top