ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение до јавноста во врска со писмото на европратениците Брок и Ковачев.
Сооштението ви го пренесуваме во целост:
Обидот за бришење на цел народ преку една срамна декларација е чин за најголема осуда, кој се коси со сите демократски принципи. Македонци во Албанија постоеле и ќе постојат и покрај обидите на европратеникот Андреј Ковачев и негови истомисленици со срамна резолуција да ги прогласат за Бугари.
Да се прават обиди за бришење на идентитетот на цел народ е врвен недемократски, срамен и недоличен акт, а во исто време да се изразува некаква загриженост за невладиниот сектор во Македонија е исклучително лицемерно.
Позицијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на улогата на невладините организации под контрола на Џорџ Сорос е кристално јасна. Институтот Отворено Општество го узурпираше и го уништи невладиниот сектор во Република Македонија. Целиот потенцијал го стави во функција на една политичка опција, злоупотребувајќи ги сите ресурси што им стојат на располагање.
Срамно се кренаа против процесот на лустрација кој беше дел од исправањето на неправдите од црното комунистичко минато. Редовно се спротиставуваа на сите мерки кои ги носеше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а кои значеа приближување кон европските вредности. Од друга страна редовно ги поддржуваа или премолчуваа, зависно од потребите, сите активности на СДСМ вклучувајќи го и периодот кога партијата беше на власт во кое време се случија шверцот и кршењето на ембаргото, што беше спротивно на заедничката политика на ЕУ.
ВМРО-ДПМНЕ секогаш се залагало за европските демократски принципи и интеграцијата во ЕУ и НАТО остануваат и натаму еден од приоритетите.
Во однос на писмото, јасно сакаме да укажеме дека е упатено на погрешна адреса. Намерно или не, Ве дезинформирале околу поврзаноста на движењето С.О.С. и ВМРО-ДПМНЕ. Ве охрабруваме сите забелешки и сугестии, како и одговори на вашите прашања, да ги упатите и побарате на соодветна адреса. Сигурно ќе дознаете се што ве интересира. Впрочем, движењето С.О.С. изнесе многу интересни податоци за партиско-политичкото узурпирање на граѓанскиот сектор од СДСМ/Сорос.
Се надеваме дека писмото е производ на искрена грижа за Република Македонија, а не некакво одрабортување за невладините организации под контрола на Сорос. Јавноста во Македонија ќе биде особено убедена во тоа доколку ја осудите срамната декларација со која Македонците во Албанија се опишуваат како Бугари и доколку се признае и прифати македонското малцинство во соседна Бугарија.
Процесот на десороизација е од исклучителна важност за Република Македонија бидејќи само така може да се даде шанса на вистинскиот невладин сектор кој е неопходен на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Влада на РМ: Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата