Секоја генерација има своја битка и своја задача кон сопствената татковина. Ете, и нам ни надвисна ова мрачно сценарио на СДСМ, со тандемот Заев и Шекеринска, со најголемото велепредавство на Република Македонија. Затоа и ние ќе ја имаме задачата како Ченто, Брашнаров, Ѓорче Петров, Гоце Делчев, Шатев и многу други македонски дејци, за еден наш одбранбен поход. Доволно сме силни и моќни да ја спречиме оваа чума од инородци кои ја бутнаа Република Македонија на колена, порачува проф д-р Валентина Божиновска.
Божиновска нагласува дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и исправена пред предизвиците и дека е тука да ја зачува унитарноста на државата.
Доста е да се сетиме на повикот на Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој бараше 63 пратеници, за Република Македонија никој да не ја уценува. Тука сме да ја зачуваме унитарноста на државата, горделивоста и македонската национална чест. Тука сме да го зачуваме здивот и духот на македонскиот јазик, оти така нѐ учеше и Ченто и Блаже. Држава без јазик е билка без корен која брзо пресушува. Тука ќе бидеме за да не си поигруваат со безбедносните и одбранбените сили на РМ, оти Македонија е вечност, а не миг. Заев не може заради сопствениот ќар и за ќарот на сопствената партија да ја распне Р. Македонија. Во заблуда се сите тие што мислат дека Македонија можат да ја претворат во монета за кусур. Едно е јасно, секогаш кога бил СДСМ на власт се откинувало по едно парче од сувереноста на Р. Македонија, како името, знамето, територијалната организација… Овде ќе бидеме и за нашите и за идните генерации и ќе бидеме сѐ додека не се исполни желбата и волјата на мнозинството 450 илјади граѓани, кои гласаа за реформи и за напредок на државата, порача Божиновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Божиновска упати честитка за Рамазан Бајрам
-
Божиновска: Три години живееме под туторство на државните удари на Верушевски, СДСМ и Заев
-
Валентина Божиновска: Македонија ја живее кризата на една тиранска платформа
-
Божиновска: Треба да стравуваме како ќе ја одбраниме Македонија од проблемите на двоецот Заев-Шеќеинска