Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска упати честитка до реис ул улема хаџи сулејман ефенди Реџепи по повод по повод празникот Рамазан Бајрам.
– Дозволете ми Вам лично и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам, стои во честитката.
Во неа се додава дека празникот Рамазан Бајрам е радост за сите муслимански верници, вдахновение на љубовта, верноста, мирот, како и поттик за создавање на што подобри односи со блиските, пријателите и со сите луѓе со добра волја.
– Големата духовна сила и цврстата волја, самоуверено и храбро да Ве водат кон споделување на вистинските вредности на семејната блискост, љубовта и меѓусебното пријателство. Нека овој Рамазански Бајрам уште еднаш нè потсети на трајноста на овие духовни вредности и дека со нивно негување, исполнетост со меѓусебно почитување, соживот и соработка, можеме да постигнеме темелен напредок во нашето општество, се наведува во честитката.
Во честитката се посакува добро здравје, расположение и среќа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов го честита Рамазан-Бајрам: Дозволете ми овој ден да повикам на слога и заедништво
-
Мицкоски со честитка за Бајрам: Почитувањето на верската различност е од особен интерес на сите граѓани и иднината на Македонија
-
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-
Тероризам или несреќа – приведена жената што влета со автомобил на Рамазан Бајрам (видео)