| четврток, 6 декември 2018 |

Прилеп град со најмногу фестивали на Балканот

„Пивофест“, карневалот „Прочка“, театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, фестивалот на народни песни и инструменти „Пеце Атанасовски“, фестивалот на изворен балкански фолклор, Џез-фестивалот, Прилепско културно лето, меѓународните ликовни колонии, се само дел од огромниот број културни манифестации, кои во последните неколку години станаа вистински препознатливи белези не само за Прилеп, туку и за цела Македонија, велат од Општината.

Локалната самопуправа посветува огромно внимание за промоција и за одржување на овие фестивали, кои годишно на Прилеп му носат илјадници гости од целиот свет. Градот под Марковите кули стана витински центар на тој т.н. фестивалски туризам, кој моментно е светски тренд. Секако, од тоа голем економски бенефит имаат градот, чаршијата, угостителските објекти и хотелите.

Нема град во Македонија и пошироко, кој има толку многу културни манифестациии и фестивали како Прилеп. Во секој дел од годината се одржува по еден ваков поголем настан, а со овие манифестации се задоволени сите уметничнички и музички вкусови.

Прилеп иако нема море, езера или национални паркови во својата околина, сепак го пронајден својот рецепт за привлекување туристи, кој досега функционира одлично. Прилеп веќе е ставен како место за посета на мапата на голем број тур-оператори и туристи од странство, велат од локалната самоуправа.

Од локалната самоуправа истакнуваат дека и во иднина ќе се промовираат уште многу вакви нови настани кои ќе ја збогатат културната и фестивалска понуда на Прилеп.

Што се може да се види и посети во Прилеп во текот на годината може да погледнете во видеото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top