Текстот на ззаконот не бил прашање на преговори, немало можност ниедна партија да ја ограничи употребата на албанскиот јазик како што го предвиделе ДУИ и другите албански партии, истакна синоќа во емисијата „Патот кон“ на „Алсат“ портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, откривајќи дека заради фотелја Заев ги прифатил максималистичките барања на албанските партии.
– Законот е подготвен од ДУИ во соработка со Алијансата на Албанците или политичките партии со кои имавме средби или тркалезна маса во овој период. Целосно е усогласен меѓу овие партии. На СДСМ им е даден и им е кажано на работните групи дека текстот на законот не е прашање за преговори, евентуално ако тие даваат правни забелешки, за тоа како може да изгледа подобро или забелешките што ги даде професорката дали се разгледани сите правни аспекти на законот, но текстот на законот не бил прашање на преговори, немало можност ниедна партија да ја ограничи употребата на албанскиот јазик како што го предвиделе ДУИ и другите албански партии – рече Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)