| четврток, 6 декември 2018 |

МПЦ-ОА повикува да се зачува унитарноста на државата и уставната позиција на македонскиот јазик

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија изразува голема загриженост за актуелната ситуација во која се наоѓа македонското општество и повикува на меѓусебно почитување, проштевање, помирување и одговорност.

САС на МПЦ во соопштението од денешната седница апелира до политичките лидери да ја зачуваат уставната позиција на македонскиот јазик на територијата на РМ во согласност со Уставот, како и унитарниот карактер на државата.

– Сегашноста и идината на Македонија ја гледаме преку сочувувањето на унитарниот карактер на Македонија, а за сето тоа ни е потребно меѓусебно помирување и национално единство. Стремејќи се кон тоа нашиот верен народ треба да се раководи и од Евангелските христијански вредности – се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА.

Според САС, македонските национални државни и стратешки интереси можат да се сочуваат само преку личната одговорност на секого од нас, што подразбира живеење по божјите заповеди, запазување на државните институции и националните права загарантирани со Уставот на РМ.

– МПЦ е духовна мајка на сите православни верници и на сите други, независно од нивната национална и етничка припадност и таа родителски се застапува да не биде повредено ничие национално, етничко и верско достоинство – истакнуваат од САС на МПЦ-ОА.

Цени, како што стои во соопштението, дека на РМ ѝ е потребен попис на населението кој треба да биде изготвен не заради одземање нечии права, туку за остарување на придобивките на сите граѓани што живеат во земјата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top