Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека она што сега се случува, партијата го предвидела во текот на изборите и упатила предупредување.
– Гледаме дека ни се случува она што ние го предвидовме на изборите и го испративме како порака до граѓаните на сите митинзи, на сите телевизиски настапи и во сите ситуации кога кажувавме дека СДСМ подготвува редефинирање на државата, дека подготвува нешто што нема да му се допадне на македонскиот народ, но и на другите помали етнички заедници во Република Македонија, дека тоа треба да се спречи, дека тоа ќе следува. Можеби некој во тие моменти не го сфаќаа толку сериозно тоа што СДСМ го најави, некој го препозна, некој не, некој мислеше дека тоа е дел од нашата кампања, но времето покажа и еве сега времето на дело покажува дека СДСМ е цврсто влезена со намера за редефинирање на Република Македонија, истакна Груевски и додаде:
– Тие велат дека немало да се менува Уставот, а Уставот нема да се менува затоа што знаат дека без ВМРО-ДПМНЕ не може да се менува, инаку и Уставот би се сменил. Укажуваат дека се ќе биде согласно Уставот, а всушност она што се слуша, што го планираат е кршење на Уставот. И тука ќе останеме цврсто на бедемот на одбраната на националните и државните интереси во било која форма и во било која ситуација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)