| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Потписите се обезбедени, во март ќе има нова влада

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во Сараево изјави дека веќе се обезбедени потписите за давање мандат за формирање нова влада. Според него, останува уште мал дел од преговорите со Демократската унија за интеграции за формирање влада. Заев верува дека за десет до 15 дена Македонија ќе има нова влада предводена од социјалдемократите.

– Сега  веќе се обезбедени потписите за давањето на мандатот. Верувам дека остануваат мал дел од преговорите за формирањето влада заради тоа што најзначајните прашања, а тоа се идната владина програма, платформата на социјалдемократите, платформата на албанските политички партии, законот за употреба на јазиците, се усогласени – изјави Заев, кој денеска во Сараево е на доделување на наградата за најдобар градоначалник.

Тоа, според лидерот на СДСМ, биле суштествените работи.

– Останува да седнеме со претседателите на другите партии, да се договориме за ресорите, за кадрите во делот на владата и верувам дека за некои десет до 15 дена Македонија ќе има нова влада, предводена од социјалдемократите – истакна Заев.

Синоќа, додаде тој, раководството на ДУИ донело одлука да ги обезбедат потписите и да ги дадат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top