| четврток, 6 декември 2018 |

Новинарот Томислав Кежаровски меѓу деветтeмина уапсени за откривање заштитен сведок

Девет луѓе се уапсени во голема полициска акција на МВР во врска со откривање на идентитетот на заштитен сведок во случајот со убиството на старецот од Ореше.

Како што дознава „Република“, меѓу уапсените се новинарот Томислав Кежаровски од весникот „Нова Македонија“, судијата што го водел случајот во велешкиот суд, актуелен судија од Велес, обвинител  и адвокат.

Од МВР потврдуваат дека деветтемина приведени се изнесени пред истражен судија, а детали најави за во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top