Денеска од Сараево Зоран Заев искажа уште една голема лага дека албанскиот јазик е втор службен јазик на целата територија на државата.
Но, според доброупатените, прикажувајќи дека албанскиот е втор службен јазик, тој направи погрешно интерпретирање на Уставот.
– Амандманот 5 и членот 7 од нашиот Устав став 2 кажува дека втор службен јазик во Македонија е албанскиот јазик определен според овој член од Уставот. Така да Македонија има прв официјален службен јазик, тоа е македонскиот јазик и неговото кирилично писмо тоа е и единствен јазик за меѓународна политика, а со ставот 2 е од постоечкиот Устав од 2002 година да втор служен јазик е албанскиот јазик. Тоа е одлична ширина. Да можеме да ја дефинираме употребата на албанскиот јазик и јазиците на сите други малцинства согласно закон, без потребна промена на Уставот. Ние тоа го договоривме. Зошто го договоривме? Затоа што ширината на Уставот ни го дозволува и е доволно голема за да можеме да го утврдиме со закон.
Инаку, според член 7 во Уставот јасно стои дека „во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“, што значи дека јазикот кој е применлив на целата територија е македонскиот, а во единиците на локалната самоуправа во кои како мнозинство живеат припадниците на националностите, во службена употреба, покрај македонскиот јазик и кирилското писмо, се и јазикот и писмото на националностите на начин утврден со закон.
Очигледно, СДСМ со ДУИ преговара за законско решение со кое би се овозможило поширока употреба на албанскиот јазик, но таква работа би била противуставна. Доколку се воведе двојазичност, практично се редефинира државата и се губи македонскиот индентитет. Носител на идентитетот е и јазикот како негово централно обележје. Доколку се промени тоа, значи се губи и дел од идентитетот. Заев со една таква постапка најмногу би му помогнал на јужниот сосед.
Од друга страна, Груевски вчера изјави дека нема да дозволат промена на Уставот, ниту кршење на Уставот преку негово изигрување со донесување закони.
–Она што го планира СДСМ е кришење на Уставот. Укажуваат дека сѐ ќе биде согласно Уставот, а, всушност, она што се слуша, што го планираат е кршење на Уставот. И тука ќе останеме цврсто на бедемот на одбраната на националните и државните интереси во која било форма и во која било ситуација – изјави Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)