Сан Антонио Санс ги „збриша“ Мемфис Гризлис со 4:0 во натпревари, со што го повтори случајот од 2004 година кога на ист начин го елиминираше истиот тим. Мемфис до финалето на западот беше непоразен на домашен терен во плејофот, а сега загуби двапати за три дена.

Четвртиот меч го обележа Тони Паркер, кој постигна 37 поени, а ова, воедно, беше и неговиот најдобар одигран натпревар на годинешниов плејоф. Погоди 15 од 21 шут кон кошот и не утна ниту еднаш од линијата за слободни фрлања, со што им даде до знаење на играчите од Индијана дека нема да можат да го запрат.

Резервата Квинси Пондекстер постигна 22 поени, Рендолф и Гасол заедно постигнаа 27 поени, но сето тоа беше премалку за да се запре таков квалитетен ривал како тимот на Спарс. Минатата година во плејофот, Сан Антонио ги доби првите два натпревари во финалето на западот, но ги загуби следните четири од Оклахома.Мемфис Гризлис – Сан Антонио Санс 86:93 (0:4)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


