Две големи легенди на светскиот фудбал, Икер Касилјас и Џиџи Буфон синоќа ја имаа веројатно претпоследната меѓусебна средба во скоро дведецениските кариери на двајцата голмани. Како и во осминафиналето на Европското првенство во Франција поуспешен беше повозрасниот Буфон, кој по последниот судиски свиреж на Феликс Брих, го претрча целиот терен да го поздрави Икер и да ги разменат дресовите.
Касилјас вчера го израмни рекордот на Паоло Малдини со 174 натпревари во европските купови, а на 14 март во Торино ќе стане сопственик на величенствениот рекорд, на кој веројатно пак Џиџи прв ќе му честита.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)